„ГАНС ЕН РОУЗИС“ ЌЕ НАСТАПИ ВО БЕЛГРАД И СОФИЈА НА ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА ВО 2025

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарниот американски рок бенд „Ганс ен роузис“ потврди дека доаѓа во соседството на својата европска турнеја следната година. Турнејата почнува во Саудиска Арабија на 23 мај, а од 30 мај ќе продолжи во Европа, при што Аксл Роуз и екипата ќе настапат и во Белград на 18 јули и во Софија на 21 јули.

Специјални гости на турнејата се „Рајвл санс“, „Паблик енеми“ и „Секс пистолс“, но со Френк Картер како вокал. Рап легендите „Паблик енеми“ ќе настапат на концертите во Белград и Софија.

Од оригиналната постава на „Ганс ен роузис“, во бендот и натаму се фронтменот Аксл Роуз, гитаристот Слеш и басистот Даф Макаган.

(Фото: Шатерсток)