Годинашната Евровизија во Ротердам нема да се одржи со шоу во живо, објавија организаторите, бидејќи е невозможо тоа да се изведе без да се почитува социјална дистанца.
Од учесниците веќе било побарано однапред да направат снимка од свој настап во живо. Овие видеа ќе се искористат доколку учесниците не можат да патуваат поради пандемијата или бидат принудени да одат во карантин по пристигнувањето во Ротердам.
Откако лани беше откажано, натпреварувањето сепак ќе се одржи во Ротердам. Македонија ќе ја претставува Васил Гарванлиев, но со нова песна.
„Евровизија дефинитивно ќе се одржи во Ротердам во мај, и покрај пандемијата, но имајќи ги предвид околностите, ќе биде невозможно да се организира шоу на какво што сме навикнати. Мора да бидеме реалистични“, изјави извршниот сувервизор Мартин Естердал.