„Грин бич фестивал“ излегува од вообичаениот концепт и десет години постоење ќе одбележи со дводневна програма.

Еден од ретките традиционални настани за електронска музика во Македонија и оваа година ќе се одржи во Струга, на плажата на хотелот „Еуротел“, а главната ѕвезда на првата вечер ќе биде германскиот диџеј и продуцент Паул Калкбренер.

Утре на програмата е четиричасовниот сет на швајцарското техно/хаус дуо „Адријатик“, зад кое веќе десет години стојат Адријан Шала и Адријан Швајцер.

Домашната електронска сцена ќе ја претставуваат Балоски, Давид Крстевски и Александар Младеновиќ.