„Поле за игра“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата со виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан, што почнува во 20 часот. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн.
Мусахоџаева, која ја доби титулата Интернационален уметник за 2003 година, се најде на листата на исклучителни музичари на 20. век која ја направи Енциклопедијата на универзитетот Кембриџ.
Мусахоџаева е и „Уметник на мирот“ на УНЕСКО, а наградена е од претседателот на Италија и од Ватикан за своите уметнички достигнувања. Свири на виолина „страдивариус“ од 1732 година.