ХРВАТСКАТА ЕВРОВИЗИСКА АТРАКЦИЈА БЕЈБИ ЛАЗАЊА ЌЕ НАСТАПИ НА ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската евровизиска атракција Бејби Лазања првпат доаѓа во Македонија и ќе настапи на главната бина на 26. издание на фестивалот Таксират, што ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“.

Дваесет и деветгодишниот Марко Пуришиќ настапи на годинашната Евровизија во Малме како еден од фаворитите и на крајот го освои второто место со песната „Рим тим таги дим“.

Тој ја почнал музичката кариера во 2011, а пред да почне да настапува соло во 2022, беше фронтмен на хрватските групи „Мантра“ и „Бастион“. По успехот на Евровизија, Бејби Лазања стана вториот хрватски пејач кој влегол на официјалната британска топ-листа на синглови, а следната година ќе оди на турнеја во Велика Британија и Европска Унија.