„Bad People“ е новото студиско издание на Игор Станоески-Иги Ман, што ќе биде презентирано во рамките на петтиот Котон блуз фестивал, што ќе се одржи на 28 ноември во „Лабораториум“ во Скопје.
Миниалбумот, кој претставува спој на блуз, рок и аренби, содржи пет песни, од кои четири се авторски и една обработка од Роберт Џонсон.
Покрај Станоески, во снимањето на албумот учествуваа Гоце Стевковски (тапани), Дарко Мучев-Мучо (бас гитара), Џорџ Апостолакис (усна хармоника), Александар Никодиновски (клавијатури), Наум Александровски (гитара) и Рената Симоновска (придружни вокали).
(Фото: Фејсбук)