ИЗБРАНИ ОСУМТЕ ФИНАЛИСТИ НА ГОДИНАШНИОТ ЛУЗЕР ФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Осум бендови ќе настапат на годинашниот Лузер фест, избрани по отворениот конкурс за демо изведувачи, што „Пасворд продукција“ традиционално го распишува пред фестивалот Таксират. Тие ќе се натпреваруваат на 3 декември во Младински културен центар во Скопје, а наградата за победникот е снимање албум во професионално студио, што потоа ќе биде објавен под етикетата на „Пасворд“.

Три финалисти се од Скопје, „Растстејнд“, „Мензел“ и „Харакири“, а останатите се „Беседа“ од Куманово, „Халфгад“ од Кичево, „Ендемски вид“ од Кавадарци, „Оловна рестрикција“ од Велес и „Џеф Бахами“ од Битола.

Победникот ќе го изберат жирито и публиката со тајно гласање.