ЈЕЛЕНА ТОМАШЕВИЌ ЌЕ ДОБИЕ НАГРАДА ЗА ПЕСНА НА СИТЕ ВРЕМИЊА НА „ОХРИД ФЕСТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Песната „Утро“ (Јутро) на српската пејачка Јелена Томашевиќ годинава на фестивалот „Охрид фест“ ќе ја добие наградата Песна за сите времиња. Со оваа песна, во 2005, Томашевиќ се натпреваруваше на „Евро песна“, фестивал со кој Србија и Црна Гора, во времето кога беа заедничка држава, избираа претставник за Евровизија.

Тогаш, таа го освои второто место, а на Евровизија отиде црногорската група „Но нејм“ која сега не постои, а медиумите пишуваа за нерегуларности во телефонското гласање.

„Секако дека ‘Утро’ е мојата музичка лична карта, и драго и е што е прогласена за песна за сите времиња, бидејќи таа навистина е антологиска. Му благодарам на ‘Охрид фест’ за оваа наградa. Секако таа му припаѓа и на Жељко Јоксимовиќ кој ја компонираше, го правеше аранжманот ама и на Александра Милутиновиќ која го напиша текстот. Постои некоја тајна врска помеѓу македонската публика и мене, па затоа често ви доаѓам. Секако тука е и поврзаноста со вонвременскиот Тоше. Негова авторска песна, која одамна ја снимив е на мојот претходен албум“, вели поп-пејачката.

„Охрид фест-Охридски трубадури“ по 31.пат ќе се одржи на 30 и 31 август на сцената „Долни Сарај“ во Охрид. Поделен е во две вечери: фолк на 30 и интернационална на 31 август.

 

Фото: К. Попов