КАРОЛИНА ЌЕ ОДИ НА ТУРНЕЈА ВО ГЕРМАНИЈА ВО ШЕСТ ГРАДА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Каролина Гочева ќе одржи турнеја во Германија со шест концерти во шест града.

Во организација на „Авалон“ и „Легаси евент“, поп-ѕвездата ќе настапи во Штутгарт на 23 ноември, Нирнберг на 26 ноември, Диселдорф на 29 ноември и во Мајнц на 1 декември. Турнејата продолжува во Хамбург на 13 декември, а завршува на 16 декември во Берлин. Каролина ќе пее во концертни сали со својот бенд, со двочасовен репертоар од најголемите хитови.

Пролетната турнеја низ Македонија Каролина ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Гостивар. Настапи и на настанот „Ѕвездена симфонија“ на 3 јули во нејзината родна Битола заедно со Камерниот оркестар.