КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ СЕ ВРАЌА НА СЦЕНАТА СО НОВ СИНГЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Композиторот и продуцент Кирил Џајковски по подолго време се враќа со своја нова музика и утре на пладне ќе го промовира првиот во низата синглови, што треба да бидат објавени во наредните месеци.

Синглот насловен „Потсетник“ (Reminder) ќе биде проследен и со видеоспот, а е во издание на „Филтер лејбл“.

Со новата песна, Џајковски ја промовира и соработката со британскиот музичар Дејвид Лајон, кој е нов член на неговиот концертен бенд.

Од „Пасворд продукција“ велат дека ова е само најава на она што следува од Џајковски во новата година.