КОНЦЕРТ НА БИСЕРА ВЕЛЕТАНЛИЌ СО „ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ БЕНД“ ВО СКОПЈЕ НА 17 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српската пејачка на џез музика и шлагери Бисера Велетанлиќ (82) ќе одржи концерт во Скопје на 17 ноември од 20 часот во Филхармонијата, објави „Авалон“. Оттаму додаваат дека ќе има само еден концерт.

Велетанлиќ, која важи за еден од најдобрите вокали во поранешна Југославија, ќе настапи со „Васил Хаџиманов бенд“, предводен од нејзиниот внук. Бисера е сестра на Сенка Велетанлиќ, сопругата на легендарниот пејач Зафир Хаџиманов, кој почина на 27 март 2021.

На 17 декември лани, во Филхармонијата се одржа концерт во чест на Зафир Хаџиманов во организација на „Авалон“, на кој настапи и Бисера Велетанлиќ, која ја испеа „Златен ден“ (Златни дан), еден од нејзините најголеми хитови.

Билетите се во продажба онлајн на ticketx.mk и во нивната продажна мрежа низ Македонија.

Фото: К. Попов