Од 26 до 28 август ќе се одржи манифестацијата „Каменичко културно лето“. Настанот традиционално се одржува на Градскиот плоштад, а организаторите КИЦ Романса и Општина Македонска Каменица и најавија разновидна музичка програма.
На 26 август, настанот почнува со настап на КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и културно-уметнички друштва од Србија и од Бугарија.
Во првиот дел од програмата на 27 август, ќе настапат Наум Петрески, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски.
Во вториот дел од програмата, концерти ќе одржат рокерите „Ареа“ (фото) и дуото ДНК.