КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА „МАЈ ТИР“ ВО ДЕКЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопското трио „Мај тир“ (My Tear) ќе одржи концерт на 6 декември во Скопје во „Станица 26“, што ќе биде промоција на новиот албум „Кога не се сакаме“, кој беше објавен кон средината на септември.

Во бендот свират Дени Крстев (вокал и гитара), Кристијан Лафазановски (тапани) и Ненад Трифуновски (бас). „Идејата ни беше албумот да звучи како модерна варијанта на македонските бендови од осумдесеттите, како ‘Хаос ин Лаос’, ‘Токму така’, ‘Падот на Византија’, ‘Мизар’ и ‘Бадмингтонс’“, кажаа од бендот.

Пред излегувањето на албумот беа објавени два сингла, „На старите станици“ и „Истото го сакаш“, а на албумот има уште седум песни.