КОНЦЕРТОТ НА „ПАРНИ ВАЉАК“ ВО СКОПЈЕ ОДЛОЖЕН ЗА НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Концертот на хрватската рок-група „Парни ваљак“ во Скопје, кој требаше да се одржи на 18 мај, е одложен за 30 ноември поради реновирање на салата „Јане Сандански“, кое ќе почне на 10 мај, објави „Авалон“.

Бендот во Скопје доаѓа со новиот пејач Игор Дрвенкар, кој го наследи легендарниот Аки Рахимовски. Хрватската јавност го познава 31-годишниот Дрвенкар од телевизиски музички емисии, пеел во неколку бендови, а настапувал и во мјузикли.

Рахимовски беше еден од основачите на „Парни ваљак“ во 1975 и остана во бендот сè до ненадејната смрт во јануари 2022.

(Фото: Фејсбук)