Седмиот албум на Крсте Роџевски насловен „Крстена вода“ ќе има слушачка промоција на 27 ноември во „Аудиокултура“ во Скопје (20 часот). Албумот содржи 12 песни и е издаден под етикатата на „Порт оф ентри“ од Чикаго.
Роџевски е продуцент и комплетен автор на албумот, на кој пее и ги свири сите инструменти: акустична гитара, усна труба, удиралки… Албумот е снимен од Арон Невези, миксот е на Бен Гос и мастериран од Мајкл Фосенкемпер во Њујорк.
Роџевски живее и работи како психијатар во Њујорк, но е и еден од најплодните македонски музичари. Првиот албум „Батанија“ го објави во 2015, а „Крстена вода“ доаѓа само една година по „Црна Земја“.