Лејди Гага објави дека нејзиниот нов филм „Џокер: Лудило за двајца“, во кој глуми со Хоакин Феникс, ќе биде проследен и со албум. „Арлекин“ ќе излезе на 27 септември, неколку дена пред премиерата на филмот. Ќе има 13 песни, комбинација од обработки снимени за потребите на филмот и нов оригинален материјал.
Во филмот, Гага ја глуми Харлин Квинзел, попозната како Харли Квин. Долгоочекуваното продолжение на „Џокер“ од 2019 е во режија на Тод Филипс, а во актерката екипа се и Цаци Биц, Кетрин Кинер, Брендан Глисон и Кен Леунг. Филмот имаше светска премиера на Венецискиот фестивал минатиот месец.
Гага на тој начин ќе објави два албума во наредниот период, Нејзиното седмо студиско издание треба да излезе во февруари, а првиот сингл е најавен за следниот месец.