МАКЕДОНИЈА ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД НЕ ОДИ НА ЕВРОВИЗИЈА, МРТ ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА СЛАВЕЊЕТО НА СВОЈОТ ЈУБИЛЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонија втора година по ред нема да учествува на Изборот за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Малме, Шведска, соопшти Македонската радио телевизија.

„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека јавниот сервис идната година со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележувањето на големиот јубилеј 80 години Македонско радио и 60 години Македонска телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година“, изјавија од МРТ.

МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери (7 и 9 мај) и финалето (11 мај).

(Фото: Фејсбук)