МАНДОЛИНСКИОТ ОРКЕСТАР „СКОПЈЕ“ ЌЕ НАСТАПИ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ВО АНКАРА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе учествува на интернационалниот мандолински фестивал во Анкара, кој ќе се одржува на 6 и 7 април. Ќе диригираат Ерхан Шукри и неговиот татко Рамадан Шукри, основачот на Мандолинскиот оркестар, од кого учеле многу генерации.

Во октомври, Ерхан Шукри, кој е виолинист, професор и диригент, одржа славенички хуманитарен концерт во Националната опера и балет наречен „Првите мои 20 во 30“. Тој тогаш прослави 30 години уметничка и педагошка дејност и 20 години постоење на гудачкиот камерен оркестар „Арко“.

Мандолинскот оркестар „Скопје“ често настапува на концерти и фестивали во земјата и во странство.