МАНУ ЧАО И ОВАА ГОДИНА ВО СКОПЈЕ КАКО НАЈАВА НА ТАКСИРАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ману Чао по една година повторно ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје, како најава на 21. издание на фестивалот Таксират.

Популарниот француски музичар со шпанско потекло ќе настапи под името на својот соло проект Ел Шапулин на 24 октомври и настанот ќе биде ограничен на 800 луѓе. Влезниците се веќе во продажба по цена од 600 денари.

Ману Чао на сцена ќе го придружуваат уште двајца музичари и концертот е замислен како акустична варијанта на нивните нови и стари песни во интимна атмосфера.

Програмата на 21. Таксират ќе се одвива од 28 ноември до 7 декември.