МАРК НОФЛЕР НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ПРИЕМОТ НА „ДАЈЕР СТРЕЈТС“ ВО ХАЛАТА НА СЛАВНИТЕ

Кливленд, (Гардијан)

Британските рокери „Дајер стрејтс“ беа примени во рокенрол Халата на славните, заедно со Нина Симон и „Бон Џови“, но церемонијата ја обележа отсуството на фронтменот Марк Нофлер.

Пејачот и гитарист не се појави на планираниот концерт во Кливленд, оставајќи го басистот Џон Илсли да објаснува.

„Ве уверувам дека ова е лична работа. Да оставиме на тоа“, изјави Илсли.

Тој го најави ова во едно претходно интервју за „Билборд“.

„На Марк не му се доаѓа и тоа е тоа. На него не му се допаѓаат вакви работи, иако се обидов да го убедам“, кажа Илсли.

Поради отсуството на Нофлер, „Дајер стрејтс“ не настапија по одржаниот говор, кога Илсли малку го поткачи својот добар пријател.

„Ова е повеќе од една личност, ние сме колектив“, додавајќи дека хитовите што ги напиша Нофлер „отскокнуваат од масата“.