МАРКО БОШЊАК ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА ХРВАТСКА НА ЕВРОВИЗИЈА, СЕ ПРОСЛАВИ ВО ДЕТСКО ТАЛЕНТ ШОУ СО АНТОНИА ГИГОВСКА

Загреб, (Индекс)

Марко Бошњак е победникот на „Дора 2025“, хрватскиот избор за песна на Евровизија. Тој ќе ја претставува Хрватска во Базел со песната „Отровна торта“ (Poison Cake).

„Ова е животен сон за мене. Се оствари, но сè уште ми е тешко да прифатам”, рече тој на сцената по победата.

Јавноста го памети младиот пејач од 2022, кога заврши на второто место на „Дора“, но неговата музичка кариера започна уште кога беше дете.

Тој ја освои регионалната публика на 11 години со настапот во популарното талент шоу „Ѕвездичките на Пинк“ и особено се истакна со песната „Што те нема“. Тогаш македонски претставнички на истото шоу беа Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ.

(Фото: ХРТ)