МАСКИРАНОТО ЕЛЕКТРО-ДУО „ДАФТ ПАНК“ СЕ РАЗДЕЛИ ПО 28 ГОДИНИ

Париз, (Гардијан)

„Дафт панк“, француско дуо чиј научно-фантастичен имиџ и еуфоричен поп ја трансформираа електронската музика, објави дека престанува да постои. Разделбата беше објавена преку видео на Јутјуб, што потоа беше потврдено и од нивната публицистка.

Ова означува крај на 28-годишното музичко партнерство на Томас Банжалтер и Ги-Мануел де Омам-Кристо, кои го формираа бендот во Париз откако претходно свиреа заедно во една рок група. Тие го издадоа дебитантскиот албум „Homework“ во 1997 година, проследен со хитовите „Da Funk“ и „Around the World“, а веќе на вториот албум „Discovery“ од 2001 го промовираа својот имиџ на маскирани роботи, што ќе го задржат низ кариерата.

Дуото објави четири студиски албуми, а најголем успех постигна со синглот „Get Lucky“ од 2013, на кој гостуваат Фарел Вилијамс и Најл Роџерс. Освои шест Греми награди од 12 номинации.