МЕГАН ТРЕЈНОР СЕ СВРШИ СО АКТЕРОТ ДЕРИЛ САБАРА

(Дејли Мејл)

Меган Трејнор е свршена. Добитничата на Греми награда ја објави големата вест со видео од неа, како е совладана од емоции во моментот кога нејзиното момче Дерил Сабара ја побара за жена на нејзиниот 24ти роденден.

„Реков да!“, стои во легендата на видеото објавено вчера. „На мојот 24 роденден љубовта на мојот живот ги оствари сите мои соништа“, напиша Меган.

„Тој ме побара за жена под тунел од прекрасни божиќни светла и ме изненади и мене и моето семејство и пријателите. Сѐ уште сум во шок. Никогаш не сум била волку среќна. Ти благодарам Дерил, што направи да се чувствувам како вистинска принцеза“.

Во видеото каде оди нејзината песна „Безнадежно романтична“ Меган ја покрива нејзината уста во шок, кога нејзиното моме, 25 годишниот актер од „Деца шипиуни“ клекнува на колено и предлага брак. Двојката го сподели страсниот бакнеж откако Меган прифаќа да се омажи за Дерил. Откако ќе поминат фатени за рака под божиќните светла, штотуку свршената двојка се среќава со нивните семејства, кои им честитаат со прегратка.

Дерил исто така го постираше видеото на кое ѝ предлага брак на неговата „сродна душа“.

„Среќен роденден на мојата содна душа“, напиша тој под видеото. „Ти благодарам што го промени мојот живот и ти благодарам што кажа да! Ти си најубавата свршеница на светот. Те сакам“.

Меган и Дерил се заедно повеќе од една година. Двојката годишнината од врската ја прослави ова лето. Порано годинава Меган кажа дека нејзиното момче го научи знаковниот јазик за да може да комуницира со неа, која беше принудена да не зборува по операцијата на грлото.
„Беше тешко“, кажа таа во шоуто на Елен ДеГенерис. „Вистински другар беше моето момче, бидејќиу научи знаковен јазик заради мене. Јас ги запишував зборовите за него. Тој беше со мене за цело време. Беше прекрасен. Тој е подобар од она што некогаш го посакував“, кажа Мега.