НАЈДОБРИТЕ НОВИ ЛУКСУЗНИ ХОТЕЛИ ЗА 2017

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Иако отворен пред само неколку недели, одморалиштето Бугари во Дубаи ја понесе титулата за најдобар нов луксузен хотел за 2017 година.

Раскошниот имот, лоциран на вештачкиот остров Џумеира Беј, се најде на првото место на годишната листа на компанијата „Истражување на луксузни патувања“.

БУГАРИ, ДУБАИ

Опишан како урбана оаза, комплексот дизајниран од италијанската фирма „Антонио Читерио Патриција Вил“ се простира на површина од 158.000 квадратни метри.

Овој сензационален имот толку нѐ импресионираше, што во последен момент стана наш избор број еден. Со само четири спрата, тој е сѐ што повеќето хотели во Дубаи не се. Ја обожаваме и неговата архитектура“, кажа основачот на ЛТИ, Мајкл Кромптон.

Тој се наоѓа на само десет минути од градот и има приватна плажа, пристаниште, спа и италијански ресторан.

НЕД. ЛОНДОН

Сместен во поранешно седиште на меѓународна банка, овој нов хотел во Лондон за малку го испушти првото место, велат од ЛТИ.

Неговите највпечатливи елементи се предворје од 3.000 квадратни метри, разделено со 92 столбови и простран покрив, кој нуди поглед на катедралата Сент Пол.

Тој е голем, горд и храбар, поњујоршки од сѐ што ќе видите во Њујорк“, вели Кромптон.

ВИЛА ЛА КОСТА, ПРОВАНСА

Овој луксузен хотел во винскиот регион Прованса се состои од 28 модерни сместувачки капацитети, кои имаат приватна тераса и поглед кон планините Луберон.

Ова е уникатен имот, што нуди чувство на приватен дом“, објаснува Кромптон.

Една од најпривлечните карактеристики на имотот, осмислен од ирскиот хотелиер Пади Меккилен, се бројните изложени уметнички дела и фотографии на ѕидовите.

КРИЈОН, ПАРИЗ

Тој беше повторно отворен во јули годинава, по четиригодишно реновирање, кое чинело 200 милиони долари.

Зданието кое датира од 18. век сега има 124 соби и апартмани, со двор проектиран од реномираниот архитект на пејсажи Луј Бенеш.

Кријон“ има и два големи апартмани, дизајнирани од Карл Лагерфелд.

ШАБЛЕ, ЈУКАТАН

Изграден среде мајанска шума, ова одморалиште нуди 40 пространи традиционални соби и доби многу пофалби за своите архитектура и колекција на домашни текили.

Неверојатниот дизајн, спа со изглед на пештера, опуштената атмосфера, мајанската кујна и огромниот приватен простор се само некои од работите што нѐ воодушевија“, вели Кромптон.