Мешаниот хор на Солун ќе настапи во малата сала на Филхармонијата во Скопје на 25 ноември од 19:30 часот. Како што велат од Амбасадата на Грција, репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни.
Како солист ќе настапи Александрос Сагурис, пијанист е Атанасиос Папаисиу, а ќе диригира Мери Констандиниду, која го води хорот од основањето.
Мешаниот хор на Солун е основан во 1987. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, класичниот и романтичниот период, ораториуми, опери, мјузикли и дела на современи грчки и странски композитори. Имал бројни настапи во Грција и странство и добил медал за најдобар грчки хор.