Мик Џегер е подготвен да се врати на сцена, два месеци по операцијата на срцето.
„Ролинг стоунс“ ги објави новите датуми од северноамериканската турнеја „Без филтер“, која ќе стартува на 21 јуни во Чикаго. Таа оригинално требаше да почне на 20 април во Мајами, но мораше да биде одложена, бидејќи лекарите го советувале 75-годишниот Џегер дека му треба медицински третман. Иако групата не кажа официјално за што станува збор, некои американски медиуми објавија дека Џегер бил на операција на срцев залисток во Њујорк.
Презакажаната турнеја, која ќе опфати 17 концерти во САД и Канада, место да почне, ќе заврши во Мајами на 31 август.