МЛАДИ МУЗИЧАРИ ОД ИНСТИТУТОТ „ФЕЈМС“ ЌЕ СВИРААТ СПОЈ НА РОМСКА И КЛАСИЧНА МУЗИКА НА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 19 февруари од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот „Дијалози со Џанго Рајнхарт“, кој ќе ја спои ромската музика со класичната. Концертот е во организација на Институтот „Фејмс“.

Ќе диригира Тимоти Редмонд (фото), професор, диригент и композитор од Лондон.

На програмата се дела од Лист, Бизе, Брамс, Барток, Штраус и современи дела инспирирани од ромската музика. Како солист ќе настапи виолинистот Федерико Натан, заедно со гитаристот Жереми Шакр и музичарите Јакопо Мезаноти, Иван Бејков и Филип Динев.

Концертот е завршница на едукативна работилница за млади талентирани музичари од Европа, кои ја истражуваа ромската музика под водство на ментори во рамките на Институтот „Фејмс“. Билетите се продаваат преку мрежата на МК Тикетс.