МУЗИЧКАТА ПЛАТФОРМА „ТЕРАПИЈА“ ГО СЛАВИ ТРЕТИОТ РОДЕНДЕН СО ЖУРКА СО ГЕРМАНСКАТА ДИЏЕЈКА ЕЛИ АКУЛА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Германската диџејка Ели Акула ќе биде специјалната гостинка на журката со која музичката платформа „Терапија“ ќе го прослави својот трет роденден. Настанот ќе се одржи во скопскиот ноќен клуб „Минус еден“ на 16 декември, а покрај Ели Акула, ќе настапат и домашните диџеи Флудер и Драгшиќ.

Терапија“ настана во екот на пандемијата од ковид-19, со цел да се поддржи македонската клупска сцена. Во меѓувреме реализираше бројни мултимедијални настани, диџеј сетови и перформанси поврзани со нашето културно наследство и маркантни градски локации.

Како што функционираме овие години, така и ќе го одбележиме нашиот трет роденден. Ќе биде различно, мултимедијално и уникатно. Заврши времето на еднолични и монотони настани, барем за нас од ‘Терапија‘“, вели Тренчева Слободанка-Боте, основачката на „Терапија“.