Над 70 пејачи ќе учествуваат на 25. Интернационален музички фестивал „Охрид Фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи на 6, 7 и 8 септември.
Организаторите засега најавуваат дека на фолк вечерта ќе настапат Благица Павловска, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски, „Молика“ и Зоран Христов, а на поп вечерта Даниел Кајмакоски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев и Жармена.
Покрај македонските пејачи, ќе настапат и познати имиња од балканските земји, како Карлос (Бугарија), Жак Хоудек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БиХ), групата „Балканика’’ и Мерима Његомир (Србија).
Јубилејното издание на „Охрид фест” во живо ќе го пренесуват и телевизии од Бугарија, Србија, БиХ, Албанија, Турција, Русија и ИНТВ од Австралија.
Д. ЧУБРИЌ