НАПИШАВ МОДЕРНА АРЕНБИ ПЕСНА ПО МОЈ ВКУС, ВЕЛИ ПОП-ПЕЈАЧКАТА МАРИЈА СПАСОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младата поп-пејачка Марија Спасовска ја промовираше новата песна, „Минато“. За неа, Спасовска вели дека е модерна аренби песна која со задоволство ја испеала.

Таа е автор на музиката и на текстот. Аранжманот е на Никола Мицевски, а спотот го режираше Горан Симјаноски.

„Драго ми е што со мене во спотот се појавува моделот Андреј Димовски и што напишав модерна аренби песна по ој вкус“, вели пејачката.

Пред една година, таа ја промовираше песната „Омилен“, за која исто така ги напиша музиката и текстот, а аранжер е Роберт Билбилов.