НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ВО ШТИП ВО МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Штип на 6 март, од 20 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“, насловен „Џез нова“. На програмата се композиции за биг бенд од македонски автори од различни генерации, исто како и на скопскиот концерт, кој се одржа во јануари во Операта.
„Овој концерт е прв во низата концерти што ќе ги изведеме во текот на годината во градовите низ Македонија. Целта е да допреме поблиску и до публиката која не живее во главниот град, а секако е желна да слушне и ужива во квалитетна музика и изведба“, велат од Националниот џез оркестар.
Билетите чинат 300 денари и ги има на билетарницата на Центарот за култура во Штип.