НЕ МОЖАМ ДА ПОДНЕСАМ НИШТО ПРОСЕЧНО, РЕЧЕ РИЈАНА ЗА НОВИОТ АЛБУМ ШТО ГО ПОДГОТВУВА СО ГОДИНИ

САД, (Би-Би-Си)

Поп-ѕвездата Ријана рече дека нејзиниот нов албум ќе биде нешто неочекувано.

„Албумот нема да биде комерцијален или лесно сварлив. Ќе биде она што мојата уметност заслужува да биде во моментов“, кажа таа.

Фановите на 37-годишната пејачка со години чекаат нов албум. Нејзиното осмо студиско издание беше објавено во 2016. Имаше многу гласини за тоа во која насока ќе оди долгоочекуваниот албум и дека ќе биде во реге стил.

„Не можам да поднесам ништо просечно. По осум години чекање, може да почекате уште малку“, изјави пејачката.

Добитничката на повеќе Греми награди, која ја започна својата кариера во 2003, во последниве години се оддалечи од музиката и им се посвети на нејзините брендови за шминка и нега на кожата. Ријана вели дека модата ѝ помогнала во нејзиното „повторно лично откривање“. Во меѓувреме доби двајца синови со долгогодишниот партнер, раперот АСАП Роки.