НЕ САКАМЕ НАГРАДА ОД ГЕРИЈАТРИЈА, РЕКОА „ОЕЈЗИС“ ПО НОМИНАЦИЈАТА ЗА РОКЕНРОЛ КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

Бендовите „Оејзис“ и „Њу ордер“ се меѓу 14-те музички ѕвезди кои се номинирани за влез во Рокенрол куќата на славните оваа година. Ним им се придружуваат музичари како Мараја Кери, Синди Лопер, Били Ајдол и Џо Кокер на долгата листа за 2025.

Ова е вторпат „Оејзис“ да бидат номинирани, откако првпат се појавија на гласачкото ливче лани. Номинацијата доаѓа додека бендот се подготвува за распродадената повратничка турнеја, која започнува во Кардиф во јули.

Но, пејачот Лијам Галагер ја критикуваше Куќата на славните, велејќи дека не бил заинтересиран да добие награда од „некоја геријатрија“. Тој саркастично додаде дека „Оејсис“ не ја заслужува номинацијата колку Мараја Кери.

Музичарите добиваат право на номинација 25 години по објавувањето на нивната прва комерцијална снимка. Гласањето е започнато, а новите членови ќе се знаат во април.

(Фото: Редфернс)