НИЛ ЈАНГ ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА СО БЕСПЛАТЕН КОНЦЕРТ ВО УКРАИНА

Берлин, (ДПА)

Фолк рок легендата Нил Јанг ќе ја започне европската етапа од својата претстојна турнеја со бесплатен концерт во Украина, објави тој на својата веб-страница. Јанг (79) не кажа кога ќе биде концертот, освен дека ќе биде бесплатен за сите.

Јанг ја поддржува Украина откако започна руската инвазија пред повеќе од три години и е остар критичар на американскиот претседател Доналд Трамп.

Keep on Rockin’ in the FREE WORLD“, напиша тој на својата веб-страница, алудирајќи на неговиот хит од 1991, а големо украинско знаме го придружува соопштението. Според списанието „Ролинг стоун“, тоа ќе биде неговиот прв концерт во Украина.

Турнејата претходно требаше да започне во Шведска на 18 јуни.

(Фото: Гети)