НОВ АЛБУМ НА АВИЧИ ИЗЛЕГУВА ЕДНА ГОДИНА ПО НЕГОВАТА СМРТ

Стокхолм, (Гардијан)

Нов албум на Диџеј Авичи ќе биде издаден една година по неговата смрт, објави семејството.

Популарниот шведски продуцент и диџеј беше пронајден мртов во хотелска соба во Оман во април минатата година и во тоа време работел на својот трет албум. Неговото семејство кажа дека тој зад себе оставил „колекција на речиси довршени песни, заедно со белешки и и-мејл преписки и пораки за музиката“.

Јуниверзал мјузик“, издавачката куќа на Тим Берглинг, како што му беше вистинското име, побара на албумот да гостуваат негови редовни соработници, место музички суперѕвезди. Сепак, Крис Мартин од „Колдпеј“ е поканет да биде главен вокал на песната насловена „Рај“. Албумот е опишан како „истражување на психоделија, арапска музика, карипски звуци и многу повеќе“.

Стиховите го покажуваат напредокот на Берглинг како текстописец. Албумот се чини многу кохерентен и личен“, изјави неговиот издавач Џони Тенандер.

Првиот сингл „СОС“, со вокали на Алое Блак, ќе биде објавен на 10 април, додека самиот албум излегува на 6 јуни. Целиот профит од албумот ќе биде дониран во новоформираната фондација „Тим Берглинг“.