НОВ АЛБУМ НА ОЛИВЕР ДРАГОЈЕВИЌ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ШЕСТ ГОДИНИ ПО НЕГОВАТА СМРТ

Загреб, (Индекс)

Повеќе од пет години по смртта на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ, објавен е спот за неговата нова песна „Не можам да ти кажам“ (Ne mogu ti reći), која е само најава на нов, постхумен албум.

Неговото семејство речиси две години преслушувало материјали кои Драгојевиќ вредно ги снимал до последниот ден. По внимателни бирања и со присетување на неговите коментари и упатства за да се направат песни кои тој со сигурност би ги одобрил, создаден е албумот „Доаѓаш“ (Dolaziš), кој треба да излезе наесен.

Со заминувањето на Оливер го наследивме сето она што тој го создаваше низ долгогодишната кариера. Чувствувавме потреба да ги собереме песните кои останаа необјавени и го спремавме овој албум со помош на неговите соработници и пријатели, водејќи се од критериумите и афинитетите на Оливер. На овој албум работевме сѐ додека не го достигнавме нивото со кое тој би бил задоволен“, соопшти семејството на Драгојевиќ, додавајќи дека албумот ќе содржи 12 песни.

(Фото: Фејсбук)