НОВА ПЕСНА НА МИХАИЛ ПАРУШЕВ И ГРУПАТА „ПАРУСИОН“, ГОСТУВА ПЕЈАЧКАТА КАТЈА КОРЕН ОД САД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Групата „Парусион“ на тапанарот Михаил Парушев ја сними песната „Чиста љубов“ (Pure Love), на која како вокал гостува Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД.

Парушев е автор на музиката и на аранжманот на песната, а Корен го напиша текстот. Во песната свират познати македонски музичари. На гитара е Зоран Костадиновски, Дамир Имери на клавијатури, Иван Бејков на бас, а Парушев свири тапани.

Катја Корен својот дел во снимаше во Лос Анџелес (Фото: Фејсбук)

„Ова е стара песна која ја има на нашиот албум ‘Агол’ од 2022 и тогаш се викаше ‘Барање’ (Searching). Сега е со нов текст и со нов аранжман. Песната е љубовна и на сите многу ни се допаѓа. Наскоро ќе се снимат и македонска и српско-хрватска верзија“, вели Парушев.

Музичарот кажа дека Катја Корен ѝ дала важен печат на песната, а својот вокален дел го снимила во Лос Анџелес. Песната и спотот се достапни на овој линк