НОВАТА ПЕСНА НА ТОНИ ЗЕН И СЛАТКАР „ЕУФОРИЈА“ Е ПРОТИВ ОЗБОРУВАЧИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Еуфорија“ е новата песна на Слаткаристика и Тони Зен во која раперите зборуваат за промените во новото време, инфлуенсерите и за озборувањата.

Музиката и текстот ги напишаа Слаткар и Тони Зен, а аранжманот и продукцијата се на Иван Јованов-Ивајо. Ова е четвртиот дует на раперите во изминативе неколку месеци. Првиот од нив беше „Милион лета“, кој излезе во август, а Зен и Слаткар тогаш кажаа дека тоа им е прва заедничка песна по 14 години.

„Првата заедничка песна ни беше ‘Рап химна 2’. Уште пет души рапуваат таму заедно со нас двајца. Тоа беше во 2004. И јас се зачудив кога се сетив дека 20 години поминале оттогаш“, кажа Слаткаристика.

Тони Зен и Слаткар ќе одржат заеднички концерт на 5 април во салата „Борис Трајковски“, во организација на продукцијата „Прагма“.

Режисер на новиот спот е Дарко Јовановски.