Австралиските хард рок легенди „Еј-Си/Ди-Си“ објавија дека нивниот следен албум „PWR/UP“ излегува на 13 ноември, а ќе биде најавен утре со првиот сингл „Shot In The Dark“.

Ова ќе донесе и обединување на поставата која го сними последниот албум „Rock Or Busт“ во 2014 година: Ангус и Стиви Јанг на гитара, Клиф Вилијамс на бас гитара, Пол Рад на тапани, а се врати и пејачот Брајан Џонсон, кого во изминатите години го менуваше Аксл Роуз.

Ова е нешто што веројатно никој не очекуваше дека ќе се случи. Сите веднаш се согласивме откако издавачката куќа првпат го контактираше Ангус во 2018 година. Штом влеговме во студио, можеа да се почувствуваат електрицитетот и врската што групата ја градеше во изминатите 38 години, откако јас дојдов“, изјави Џонсон.

Групата ги отфрли шпекулациите дека албумот содржи снимки од покојниот гитарист Малколм Јанг, но биле искористени некои негови рифови.