НОВОТО ДЕЛО НА ФИНСКИОТ КОМПОЗИТОР КАЛЕВИ АХО ВЕЧЕРВА СО СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Прославениот фински композитор Калеви Ахо ќе присуствува на вечерашниот концерт во Филхармонијата (20 часот), по повод светската премиера на неговото дело Концерт за алт-флејта и гудачи бр. 2. На концертот насловен „Сеќавање на Б.Б.“ ќе се изведат и дела од Естонецот Арво Перт и од романската композиторка Дојна Ротару.

Ахо го напишал ова дело на иницијатива на романскиот флејтист Матеј Јоакимеску, кој вечерва ќе настапи како солист, а диригент ќе биде Габриел Бебешелеа.

Седумдесет и тригодишниот Ахо во својата плодна кариера напишал 17 симфонии, 36 концерти и пет опери.