ОБЈАВЕНА ПОСЛЕДНАТА ПЕСНА НА „БИТЛС“, 45 ГОДИНИ ОТКАКО ПРВ ЈА СНИМИ ЏОН ЛЕНОН

Лондон, (Гардијан)

Пол Макартни и Ринго Стар го објавија она што е опишано како последната песна на „Битлс“, насловена „Некогаш и сега“ (Now And Then). Напишана, отпеана и снимена како демо од Џон Ленон во 1978 година, песната беше доработена и довршена од Макартни, Стар и вештачката интелигенција.

Макартни и Стар кажаа дека нејзиното комплетирање било надреално искуство.

И тука беше гласот на Џон, кристално чист. Беше доста емотивно. Ние свиревме врз неговиот глас и добивме вистинска песна на ‘Битлс‘. Беше навистина возбудливо да се работи на музика на ‘Битлс‘ во 2023 и да се објави песна што јавноста досега не ја слушнала“, кажаа Макартни и Стар.

Тие првпат се обиделе да ја снимат песната во 1995 година, но се откажале откако се соочиле со технолошки проблеми. Од тие сесии биле зачувани гитарските делници на Џорџ Харисон кои се вклучени во конечната верзија, со што сите четворица членови се појавуваат на песната. 

В петок ќе излезе и спот за песната, што го режираше оскаровецот Питер Џексон.

(Фото: Епл)