ОФФ-ФЕСТ НАЈАВИ УШТЕ ДВЕ ВЕЧЕРИ ВО НОЕМВРИ СО „БАКЛАВА“ И ИРАНЕЦОТ КАЈХАН КАЛХОР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Офф-фест најави уште две вечери во ноември, со што годинашното издание на фестивалот нема да остане само на концертот на Силвија Перес Крус, што се одржа во вторникот.

Следниот настан е на 7 ноември, кога во Филхармонија ќе настапат „Баклава“ и дуото Добрила Грашеска-Дориан Јовановиќ, со што фестивалот ја продолжува традицијата на претставување на домашната сцена.

На 10 ноември е концертот на Кајхан Калхор, мајстор на иранската традиционална музика. Калхор, кој е добитник на Греми награда, е виртуоз на иранско ќемане (персиска виолина) и ќе настапи во тандем со турскиот музичар Ердал Ерзинџан, кој свири на баглама. Тие соработуваат веќе 15-ина години и нивната музика е инспирирана од класичните музички традиции на Персија и Отоманска Турција.