ПЕЈАЧКАТА ТАМАРА ВОЛЧЕСКА СНИМИ МАКЕДОНСКА ВЕРЗИЈА НА СВОЈОТ АНГЛИСКИ СИНГЛ „ЖИВЕЕ СПОМЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Поп-пејачката Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна „Живее спомен“, која е македонска верзија на нејзината песна на англиски „Дали се сеќаваш“ (Do You Remember), која ѝ беше прв сингл.
Волческа е текстописец на македонската верзија и го режираше спотот за оваа песна. Таа е и авторка на музиката, во соработка со Весна Малинова, која е нејзин ментор за сите песни.

Аранжманот и продукцијата се направени во студиото на Јордан Манов. Спотот, како што вели Волческа, е направен со љубов од нејзините најблиски луѓе и со добро сценарио.