ПЕСНА НА МАКЕДОНСКИОТ БЕНД „БДМ“ ВКЛУЧЕНА ВО ПОРТУГАЛСКА КОМПИЛАЦИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со ремиксот на песната „Blasphemy“ на Португалците Мулинекс и ГПУ Паник, македонскиот бенд „БДМ“ е вклучен во компилацијата „DTX Gathering“ на издавачката куќа „Диско Тексас“ од Португалија.

„Баравме песна за ремикс и штом ја слушнавме оваа, бевме воодушевени од звукот, мелодијата, гласот и продукцијата и решивме дека тоа е тоа. Веднаш почнавме да работиме на неа, да ја направиме во наш стил, но да остане доследна на оригиналот. Многу сме горди на тоа како испадна на крајот“, велат од бендот.

Вокалот на песната го пее Александра Иванова.

Премиерно, бендот ја изведе песната на фестивалот „ГалИцко“ во Галичник, кој се одржа во чест на Ристо Меловски познат како диџеј Ицко.