ПО ЦЕЛИ 15 ГОДИНИ, СПОТИФАЈ ДОЗВОЛИ ДА СЕ ПРАВАТ СОПСТВЕНИ ПЛЕЈЛИСТИ ПО ЖАНРОВИ

Стокхолм, (ДПА)

Најголемиот светски стриминг сервис за музика Спотифај дури 15 години по основањето ќе им овозможи на корисниците да ги филтрираат песните според жанрови.

И покрај барањата од корисниците, Спотифај, за разлика од некои негови ривали, досега не им дозволуваше да ги гледаат песните кои ги „лајкнале“ поделени по жанрови. За да слуша одреден тип на музика, корисникот досега мораше да оди на некоја од подготвените плејлисти на Спотифај и не можеше да издвои одреден жанр од сопствената музичка библиотека.

Спотифај објави дека оваа можност во прв момент ќе биде достапна во САД, Канада, Велика Британија, Ирска, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Африка.