По големиот успех на Евровизија викендов, Марко Пуришиќ попознат како Бејби Лазања влезе на официјалната британска топ-листа на синглови. Неговиот хит „Рим тим таги дим“ дебитираше на 70. место.
Бејби Лазања е само вториот хрватски пејач кој успеал да оствари ваков успех. Во 1959 година, легендарниот Иво Робиќ бил на 23. место со песната „Утро“ (Morgen).
„Рим тим таги дим“, со која Лазања заврши на второто место на Евровизија во Малме, се најде и меѓу 50-те најслушани песни на Спотифај.
Дваесет и осумгодишниот Пуришиќ ја почнал музичката кариера во 2011, а пред да почне да настапува соло во 2022, беше фронтмен на хрватските групи „Мантра“ и „Бастион“.
(Фото: Гети)