ПОЧИНА МАРК ЛАНЕГАН, ЕДЕН ОД ПИОНЕРИТЕ НА ГРАНЏОТ

Лондон, (Би-Би-Си)

Американскиот пејач и композитор Марк Ланеган, кој важи за еден од пионерите на гранџот, почина на 57 години во својот дом во Ирска. Ланеган долги години беше фронтмен на групата „Скриминг трис“ и паралелно градеше успешна соло кариера.

Во 2020, тој со месеци се лекувал од ковид-19, при што бил ставен во вештачка кома, но причината за смртта не беше објавена.

Роден во Сиетл, лулката на гранџот, Ланеган сними седум албуми со „Скриминг трис“, пред групата да се распадне во 2000. Во меѓувреме издаваше и соло албуми, од кои последниот, 11-ти, излезе пред две години.

Беше и редовен соработник на групата „Квинс оф д стоун ејџ“, појавувајќи се на пет албуми.

Пред седум години, Ланеган одржа концерт во Младински културен центар во Скопје.