На крајот од 2025, „Нетфликс“ ќе го емитува талент шоуто „Градејќи го бендот“ (Building the Band), во кое учесниците ќе ги оценува ѕвездата на групата „Уан дајрекшн“, Лијам Пејн, потврди стриминг сервисот.
Ова беше еден од последните проекти на кои работел Пејн пред да умре на 31 година по пад од балкон на хотел во Буенос Аирес минатиот октомври. Пејачот ја сними својата улога на судија заедно со пејачките Кели Роуланд и Никол Шерцингер.
Шоуто обединува пејачи кои сакаат да формираат сопствен бенд. Кандидатите се во посебни кабини без да се гледаат меѓусебно. Ѕвездата на „Бекстрит бојс“ Еј Џеј Меклин е водител на шоуто, Никол Шерцингер е менторка и судијка, а Пејн и Роуланд ќе се појават како гостински судии.
Шерцингер беше судијка во „Икс фактор“ кога Пејн беше на аудиција во 2010 како соло натпреварувач, пред да биде избран за еден од членовите на „Уан дајрекшн“.
(Фото: Гети)