ПОЛ МАКАРТНИ ГОСТУВА НА НОВИОТ АЛБУМ НА „РОЛИНГ СТОУНС“

Лос Анџелес, (Ројтерс)

„Ролинг стоунс“ и Пол Макартни ги здружија силите и снимија песна за новиот албум на легендарната рок група, потврди нејзиниот портпарол. Ова следува откако сајтот „Вараети“ вчера објави дека Макартни свири бас гитара на претстојниот албум на „Стоунс“.

Снимањето било одработено неодамна во студио во Лос Анџелес, а „Вараети“ кажа дека и некогашниот тапанар на „Битлс“, Ринго Стар, би можел да свири на албумот.

„Макартни гостува како басист на една песна од новиот албум, што ќе излезе подоцна оваа година. Ринго Стар не учествуваше во снимањето“, изјави портпаролот на групата.

Тоа ќе биде прв албум на „Ролинг стоунс“ без тапанарот Чарли Вотс, кој почина во 2021 и воопшто прв албум на групата од „Blue & Lonesome“ од 2016.

(Фото: АП)