Групата „Суперхикс“ со концерт на 23 август ќе го отвори фестивалот „Џој фест“ кој ќе се одржи во Крива Паланка, на градскиот плоштад. Истата вечер, настапуваат „Конкверинг лајон“.
Втората вечер, на 24 август фестивлот ќе го отворат „Кисити“, потоа ќе настапат „Бубњеви и пси“, и „Парампарчад“ од Црна Гора а главната ѕвезда годинава ќе биде Калиопи, која ќе го затвори фестивалот.
„Ќе биде незаборавна ноќ за сите нас“, рече Калиопи пред настапот.
„Гостувањето на ‘Џој Фест’ во Крива Паланка за мене е празник за душа. Едвај го чекаме концертот, бидејќи знаеме дека тоа ќе биде незаборавна ноќ за сите нас. Сите мои средби со овој прекрасен град, врежани се како најубави сеќавања, бидејќи Крива Паланка има многу природни убавини, добри луѓе и затоа верувам дека ќе биде и одличен домаќин за сите посетители овој викенд“, рече Калиопи пред концертот.
Фото: С.Самандов